HomeАктуелноГрадоначалникот на Тетово Биљал Касами позитивен на Ковид-19.

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами позитивен на Ковид-19.

Тетовскиот градоначалник Биљал Касами преку социјалните мрежи информираше дека е позитивен на Ковид-19. Додека е во изолација дел од обврските ќе ги исполнува од дома.

Сакам да ве информирам дека по резултатите добиени од тестирањето, сум позитивен на Ковид-19. Врз основа на препораките на Министерството за здравство, ќе бидам во самоизолација. Во овој период моите должности како градоначалник на Тетово ќе ги извршувам од дома. Ве повикувам сите да носите маска и да се грижите за вашето здравје, нашиша Биљал Касами.

Претпладнево тој имаше средба во Општина Тетово со делегација од амбасадата на Швајцарија, предводена од амбасадорката Вероника Хулман Марти.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.