Градоначалникот на Општина Охрид, д-р Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и голем број верници, денес учествуваа во одбележувањето на празникот Св. Недела во село Плаќе.
Празникот беше проследен со молитва, богослужба и традиционално дружење, а присуството на голем број граѓани сведочи за длабоката духовна и културна поврзаност со овој ден.

„За многу години!“, порачаа Градоначалникот на Општина Охрид, д-р Кирил Пецаков , споделувајќи заеднички моменти на верба, сплотеност и почит кон православната традиција.
