HomeАктуелноГрадоначалникот Пецаков на терен, се врши увид на градежните активности во Стариот дел на градот

Градоначалникот Пецаков на терен, се врши увид на градежните активности во Стариот дел на градот

Активности за реконструкција на плочките на улицата „Климентов Универзитет“ се одвиваат деновиве. Градоначалникот Кирил Пецаков, изврши увид на градежните зафати, кои ги извршува фирмата „Бокоп“. Предвидено е реконструкција на плочките да се изврши на повеќе локации низ Стариот дел на градот каде има потреба.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На улицата „Бранко Шотра“ активностите за изведување на нова водоводна линија завршија. Со цел подобрување на квалитетот во водоснабдувањето, се постави нов цевковод од полиетиленски материјал во должина од 66 метри, вклучувајќи и поединечно  преприклучување на сите објекти од улицата во новата линија.

Целосно завршија активностите фугирањето на потпорните ѕидови. Овој зафат придонесува кон превенција од оштетување и рушење на ѕидовите.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.