HomeАктуелноГрадоначалникот Пецаков оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Австралија, Питер Трасвел

Градоначалникот Пецаков оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Австралија, Питер Трасвел

Соопштение на градоначалникот на општина Охрид,  Кирил Пецаков
Остварив средба со новоименуваниот Амбасадор на Австралија во Амбасадата во Белград, што ја покрива и Македонија, Н.Е. Питер Трасвел и почесниот конзул на Австралија во Македонија, Зоран Костовски.
На средбата се разговараше за традиционално добрите односи кои се негуваат помеѓу двете држави, а се стави акцент на продлабочување на соработката помеѓу збратимениот град Волонгог и со Квинбеин со кого Охрид има потпишано протокол за соработка.
Сакам да изразам благодароност до Амбасадорот што изрази подготвеност да биде дел од комуникацијата помеѓу Охрид и двата австралиски градови како би се интензивирала соработката.
Средбата беше искористена и за разговор во насока на стимулирање на невладините организации од регионот за поактивно учество на повиците за грантови кои ги објавува Амбасадата.
-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.