Денеска во Охрид беше одбележан големиот христијански празник посветен на светите маченички Вера, Љубов и Надеж, како и нивната мајка Софија.
По тој повод, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, упати честитка до сите граѓани:
„Денес го славиме празникот посветен на трите најважни работи во животот: Верата, Љубовта и Надежта. Нека овие три вредности нѐ водат низ секој чекор. За многу години празникот Вера, Љубов, Надеж и мајка Софија!“ – истакна Пецаков.

На одбележувањето присуствуваше и секретарот на Општина Охрид, Александар Китески, кој се придружи на честитките и ја нагласи важноста на духовните вредности кои го зајакнуваат општеството и семејството.
Со овој празник, охриѓани уште еднаш потсетија дека верата, надежта и љубовта се темели врз кои се гради човечкото достоинство и заедништво.
