HomeАктуелноГрчки хакери нападнаа повеќе македонски банки

Грчки хакери нападнаа повеќе македонски банки

Серверите на Народна Банка и на уште неколку домашни банки мета на хакерски напад.

На кратко време бил отежнат или целосно блокиран пристапот до нивните веб страници. Од НБРМ информираа дека бргу интервенирале а безбедноста и доверливоста на податоците во ниту еден момент не биле доведени во прашање.

ДДоС е напад на веб-страниците, во кој огромен број на фиктивни клиенти од различни локации се преправаат дека сакаат да добијат информации од страницата, поради што серверот се преоптоварува и му треба повеќе време за да одговори на барањата од реалните корисници. Но, во ваков случај ниту се исклучува сервисот, ниту пак се менува содржината на веб – страницата. -НБРМ.

Зад сајбер нападот најверојатно стојат хакерите со име Моќна грчка армија кои во неделата на својот твитер профил најавија дека наскоро ќе има хакерски напад на сите банки во земјава. Денеска некои од нив објавија дека биле цел на хакерски напад но и дека постојано се работи на зголемување на сигурносните заштити по заканите поврзани со дигиталниот простор.

„Моќна грчка армија“ пред две недели објави дека го нападнале и македонското Министерство за образование и дека ја презеле контролата врз надзорните камери и интернет-страницата, но МОН демантираше. Инаку оваа хакерска група, формирана во 2016 година, има извршено бројни сајбер напади во Грција и светот а мета им биле профили на државни институции, политичари и банки. Тврдат дека и досега ги хакирале веб страниците на македонската Влада, Министерствата за одбрана и финансии а со еден твит објавен месецов се заканија дека “ќе ја избришаат Македонија од интернет просторот”.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.