Променливо облачно со повеќе сончеви периоди попладне. Уште од изутрина ќе дува умерен до засилен северен ветер најизразен вдолж Повардарието (повремено со брзина над 60 км/час).Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 6, а максималната од 4 до 13 степени.
Во Охрид времето денес променливо облачно со сончеви периоди. Минималната температура ќе биде 0, а максималната ќе достигне до 9 степени.
До четврток ќе дува засилен северен ветер, повремено со над 60 километри на час. Утринските температури ќе бидат сè пониски, а најстудено ќе биде в петок наутро. Нови врнежи се очекуваат во текот на викендот кога ќе дува јужен ветер, велат од УХМР.