HomeАктуелноДали надлежните и оваа година ќе бидат изненадени од снегот? Институциите ветуваат подготвеност за снегот, но казните за возачите веќе „паѓаат“

Дали надлежните и оваа година ќе бидат изненадени од снегот? Институциите ветуваат подготвеност за снегот, но казните за возачите веќе „паѓаат“

Дали снегот и годинава ќе ги изненади институциите? Од ЈП „Македонија пат“ уверуваат дека зимата ќе ја дочекаат подготвени, со 240 возила и над 500 вработени распоредиени на терен. Од претпријатието информираат дека веќе биле одржани низа координативни состаноци за процена на ризиците и за планирање на делувањето, особено на најкритичните точки – планинските премини.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Паралелно со тоа, состаноци за подготвеност се одржуваат и во Центарот за управување со кризи, кој ги следи временските состојби и можните последици од претстојните врнежи.

Во сила веќе две недели е и законската обврска за поседување зимска опрема. Само во Скопје, 50 возачи добиле казни од по 45 евра поради тоа што не ја испочитувале оваа регулатива. Од ЈПДП предупредуваат дека една од најчестите причини за блокирање на магистралните и регионалните патишта е токму возењето без соодветна зимска опрема и со летни гуми.

Од претпријатието потсетуваат дека почитувањето на обврската за зимска опрема значително го намалува ризикот од лизгање и губење контрола врз возилото, спречува сообраќајни застои и придонесува за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Во меѓувреме, источниот регион се соочува со последици од обилните врнежи од дожд. Во Општина Чешиново-Облешево поплавени се простории и дворови на повеќе локации, а регистрирани се и бројни свлечишта кои претставуваат сериозна опасност за населението и нивните домови. Институциите апелираат за внимателност и следење на препораките додека трае нестабилното време.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.