HomeАктуелноДА ПОМОГНЕМЕ: уште еднаш да покажеме и докажеме колку нашиот народ ја негува хуманоста

ДА ПОМОГНЕМЕ: уште еднаш да покажеме и докажеме колку нашиот народ ја негува хуманоста

Апел за помош

Животот е постојана борба, лавиринт кој нема патека за назад, макотрпен пат за кој не можеме ни да замислиме со што ќе се соочиме и какви проблеми и препреки ќе “никнат” пред нас.
Но, во услови во општествено живеење, опкружени со луѓе кој ги сакаме и нè сакаат, водени со надеж и соништа за подобро утре, секоја препрека, секој проблем може многу полесно да биде решен.
Затоа, не веруваме дека постои човек што би кажал нешто против хуманоста.
Со хуманоста се гледа големината на еден човек.
Епа токму затоа веруваме, дека ние, сите заедно уште еднаш ќе покажеме и докажеме колку нашиот народ ја негува хуманоста, и ќе направиме сè, со цел заедно да му помогнеме на нашиот пријател и сограѓанин.

Анета Стојменовиќ, сопруга на нашиот херој, тигарот Горан Стојменовиќ “Србинот”, кој загина во акцијата во Диво Насеље, Куманово каде што ја бранеше својата татковина Македонија.

Почитувани роднини, пријатели, колеги.
На мајка ми и е неопходна итна операција на вратната кичма каде и е дијагностицирана дискусхернија која е доста голема и има опасност да сноси големи последици и на другите делови од телото.
Операцијата е закажана во Белград на 14.03.2022 и истата чини 10.000 евра. Во овој момент ни се неопходни средства,па секоја помош од ваша страна е добредојдена. Рокот за собирање на средствата е краток, но заедно можеме да ја постигнеме целта.
Ви благодариме на однапред пружената помош! Да бидеме хумани! За мојата мајка! – стои во апелот за помош на социјалните мрежи

Број на донации:

Т-мобиле: 143 177

A1 : 143 465

Жиро сметка: 250500017937617 Шпаркасе банка

Меѓудругото, на 06.03.2022 година се организира турнир од хуманитарен карактер
Оранизираме турнир во мал фудбал за Ане Стојменовиќ.сопруга на нашиот херој тигарот Горан Стојменовиќ што ја бранеше нашата татковина.Турнирот ќе се игра во еден ден на 06.03.2022 (недела). Правила на турнирот. -Се игра 5+1 -Котизација за учество е 1000мкд. -Дозволено е да играат луѓе на секоја возраст. -Парични награди ќе нема,поради тоа што е потребна голема сума на пари и по овој повод го организираме турнирот. -Турнирот ке се одржи на игралиштето за мал фудбал (Плац) во населба Илинден. -Број за пријавување: 078669583, Стефан.
Позади овој турнир како и секогаш е најдобрата месара “Компанија Атанасовски”,” и останатите спонзори пицерија НС”, “БИМАГО маркет”, “Книжарница Вики бб”,”Ели Медика.”
Победникот е најмалку битен,дојдете во поголем број да докажеме дека сме хумани.
Организатори на турнирот. -Стефан Николовски. -Никола Јаневски.
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.