Поради дефекти на водоводната мрежа, дел од охридските населби денес останаа без вода.
Од ЈП „Водовод“ – Охрид информираат дека од 08:30 часот без вода ќе бидат корисниците на дел од улицата „Гоце Делчев“, на потегот од дрвара до пресекот со улицата „Македонски Просветители“, како и споредните улици во населбата Кошишта. Екипите на јавното претпријатие се на терен и работат на санација на дефектот.
Исто така, поради интервенција на водоводната мрежа, од 09:00 часот без вода неколку часа ќе останат жителите на населбата Црногорци, додека во село Лескоец ќе има намален притисок.
Од претпријатието апелираат граѓаните за разбирање и трпение до целосното завршување на интервенциите.
