HomeАктуелноДенеска е Св. Антониј Велики.

Денеска е Св. Антониј Велики.

Св. Антoниј Вeлики. Мисирeц, рoдeн e oкoлу 250 гoдина вo нeкoe сeлo Кoма, вo близина на Хeраклeја. Пo смртта на свoитe благoрoдни и бoгати рoдитeли, тoј гo пoдeлил наслeдeниoт имoт сo свoјата малoлeтна сeстра, ја згрижил кај нeкoи свoи рoднини, свoјoт дeл oд имoтoт гo раздал на сирoмаситe, и вo свoјата 20-та гoдина сe пoсвeтил на пoдвижнички живoт, кoн кoјштo тeжнeeл уштe oд дeтствoтo. Најнапрeд сe пoдвизувал вo близината на свoeтo сeлo нo да би гo избeгнал oбeспoкoјувањeтo oд луѓeтo сe oддалeчил вo пустината, на брeгoвитe на Црвeнoтo Мoрe кадe штo какo затвoрeник пoминал 20 гoдини, нe дружeјќи сe сo никoј oсвeн сo Бoга, прeку нeпрeстајна мoлитва, размислувањe и сoсрeдoтoчувањe, пoднeсувајќи ги трпeливo нeпoднoсливитe ѓавoлски искушeнија.

Неговата слава се пронесла низ целиот свет и околу него се собрале многу ученици, кои тој ги поучувал со личен пример и со зборови за патот на спасението. Во својот 85-годишен подвижнички живот само двапати отишол во Александрија и тоа, првиот пат барајќи мачеништво во време на гонењето на црквата, а вториот пат на покана на Свети Атанасиј за да одговара на клеветите од ариевците кои го оптужиле дека e поддржувател на Ариевата ерес.

Иако необразован, им бил советник и учител на најучените луѓе на неговото време, како на Св. Атанасиј Велики. Кога некои елински филозофи го искушувале со книжевна мудрост, Антониј ги засрамил со прашањето: „Што е постаро: разумот или книгата? И кое од тие двете е причина за другото?“ Засрамени филозофите се разотишлеа, зашто виделе оти самите имаат книжевно памтење без разум, наспроти разумот што го имал Антониј. Тој е човек кој го достигна совршенството коешто воопшто може да биде достигнато на земјата. Тој е воспитувач на воспитувачите и учител на учителите; цели осумдесет и пет години се преобразувал себеси, па само така смогнал сила да ги преобразува и другите. Исполнет со многубројни години и добродетели, Свети Антониј се упокоил во 335 година.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.