Денес, според УХМР во Охрид имаме сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен претпладне вдолж Повардарието.
Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9 степени.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. T= 6 °C, P= 988 hPa, U= 30 %, V= 4 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер).
Утре (22.12.2021) Наутро ведро и студено, преку денот претежно сончево со слаб северен ветер.
Додека на 23.12.2021 наутро студено, преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец, минимална температура: -11°C до -4 °C додека максимална температура: 1°C до 9°C
Следните два дена не очекува сончево време со мала до умерена облачност, позначителна во западните делови. По одделни ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец, поизразен во западните делови, известуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.