Аутизмот претставува доживотна развојна состојба која ги погаѓа комуникациите и односите со другите луѓе. Неодамна, широк ранг на асоцирани состојби беа поврзани со аутизмот водејќи до термините аутистичен спектар и аутистичен континуум. Како и да е сите афектирани имаат тенденција да се прикажат со три заеднички карактеристики (познати како тријада на нарушувања):
• Потешкотии во говорот, јазикот и невербалната комуникација – Главен проблем не е дека детето не може да зборува (иако мал дел никогаш не го развиваат говорот), туку дека тие имаат потешкотии во комуницирањето. Со други зборови, секој човек кој има релативно нормален развој на говорот може да има тешкотија во иницирањето на разговор, во враќањето на пригоден одговор и во давањето на доброволни информации. Детето може често да повторува перфектно, што се нарекува ехолалија, но не може да ги користи истите зборови во друга ситуација за да побара нешто (било во моментот или подоцна) за да побара нешто. Ист вид на проблеми исто така постои со физичките одговори познато како ехопраксија.
• Потешкотии во социјалната интеракција – Луѓето (посебно децата) со аутизам често имаат потешкотии во започнувањето и одржувањето врски со ним еднаквите по ранк. Често се случува децата со аутизам добро да се поврзат со нивните родители и оние кои водат грижа за нив, но не и со останатите деца. Ова е заради тоа што ние како возрасни можеме обично да ги предвидиме потребите на детето. Бидејќи другите деца ја немаат оваа способност, децата со аутизам прават напор да дејствуваат взаемно со ним еднаквите. Тоа не значи дека детето со аутизам не може да се спријатели, но често не знае како да го направи тоа. Учењето на децата со аутизам на социјалните вештини е критично за нивниот развој.
• Потешкотии со фантазијата и внатрешниот говор – Имагинарната игра (како што е преправањето дека куклата е бебе или играчката возило дека е вистинско возило) е многу важен дел од детскиот развој. Децата со аутизам ретко покажуваат имагинарна игра и како резултат на тоа нивниот развој е попречен. Луѓето со аутизам исто така имаат проблеми во разбирањето на чувствата на другите луѓе и во интерпретирањето на лицевиот израз.
Голем број термини и обележја се користат за децата и возрасните кои припаѓаат на аутистичниот спектар (како што се: первазивни развојни нарушувања, Аспергеров синдром, Хелеров синдром и семантичко-прагматично нарушување) и широк ранг на поврзани медицински состојби. Постои општо прифатено разидување во мислењето во врска со тоа дали овие асоцирани медицински состојби се различни причинители на аутизмот, како што тврдат Gillberg & Coleman, или тоа се паралелни феномени со заеднички базичен генетски механизам како што беше застапувано од групата од Институтот за психијатрија во Лондон.
Македонското научно здружение за аутизам (МНЗА) и Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет” денеска ќе го одбележат 2 април, Светскиот ден на аутизмот.
По тој повод МНЗА во Кинотеката организира настан насловен „Дружење, дружење и само дружење“. Ќе биде прикажан и филмот „Стела“. Од МНЗА посочуваат дека годинава повторно се вклучиле и во онлајн кампања на Аутизам Европа што се спроведува ширум Европа, а е наречена „Среќно патување низ животот“ за да се нагласи дека е потребен холистички пристап во текот на целиот животен век и за да се осигуриме дека лицата со аутизам можат да ги уживаат своите права и да живеат среќни и исполнети животи.
Се проценува дека седум милиони луѓе се во спектарот на аутизам во Европската унија. Повеќето од нив доживуваат дискриминација во многу области од животот. Кампањата „Среќно патување низ животот“ има за цел да ги истакне грижите и желбите на лицата со аутизам и нивните семејства во однос на различни клучни прашања како што се пристап до образование, вработување, соодветна поддршка за инклузија, самостоен живот, пристапност и политичко учество, меѓу другите. Оваа недела на нашите социјални медиуми Фејсбук, Твитер, Линкедин, Инстаграм беа споделени многу банери и постери со интересна содржина. Луѓето кои сакаат да ја подржат кампањата можат слободно да ги споделуваат овие пораки користејќи го хаштагот #AutismDay2022, информираат од МНЗА.
Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет” по повод Светскиот ден на аутизмот организира настан во Зоолошката Градина – Скопје.
Во програмата, како што информираат од Здружението, освен едукативниот дел ќе има и забава за најмладите, проследена со интересна програма во која се вклучија децата од Златно Славејче, танцовото студио Еурека, зумба со Ирена Лозана, тетарска претстава со уличните акробати и жонглери од ФАЗБАБЛ, куклено мега шоу со Валентино и откачениот пантомимичар Мето.
Со резолуција на Генералното собрание на ОН од 2007 година, 2 Април се одбележува како Меѓународен ден на свесноста за аутизмот, а симболично многу објекти во светот се осветлуваат во сина боја.
