Преподобен Свети Нектариј Битолски — родум од Битола, се подвизувал најпрво во манастирот Свети Врачи кај Битола, заедно со својот замонашен татко Пахомиј. Потоа преминал на Кареја, каде што го продолжил подвигот под раководство на Старците Филотеј и Дионисиј во ќелијата на Св. Архангели. Починал на 5 декември 1500-та година, која дата се зема за славење на неговиот празник по стариот црковен календар. Неговите чудотворни мошти цели, нетлени и благоухани, сè уште почиваат во истата ќелија.