HomeАктуелноДенешна ковид статистика, бројот на новозаразени во однос на тестирани се намалува, ќе има ли укинување на некои од рестрикциите?

Денешна ковид статистика, бројот на новозаразени во однос на тестирани се намалува, ќе има ли укинување на некои од рестрикциите?

Двајца починати и 292 нови случаи на ковид-19 се регистрирани во Македонија во изминатите 24 часа, а дополнително се пријавени уште пет смртни случаи од периодот од 24 февруари до 7 март.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во изминатите 24 часа, регистрирани се по едно починато лице од Крушево (85 години) и Кавадарци (67), и тоа во болнички услови, а согласно Регистарот на умрени лица од ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се уште пет починати лица: две од Скопје и по едно од Прилеп, Битола и Дебар на возраст од 45 до 85 години. Четири лица починале во болнички, а едно во домашни услови.

Направени се 2.410 тестови, од кои 292 биле позитивни: Скопје – 140, Битола – 21, Куманово – 18, Велес – 16, Прилеп – 14, Тетово – 13, Кавдарци – 12, Гостивар, Охрид, Штип, Струмица, Кичево, Кочани, Гевгелија и Крива Паланка – по 5, Виница – 4, Струга и Демир Хисар – по 2 и Неготино, Свети Николе, Радовиш, Дебар, Берово, Валандово, Богданци, Кратово, Крушево и Демир Капија– по 1. Меѓу нив има 45 реинфекции.

Регистрирани сe и 303 оздравени пациенти.

Од почетокот на пандемијата во земјата се направени вкупно 1.913.011 тестирања, а бројот на дијагностицирани случаи изнесува 300.398. Бројот на оздравени е 289.064, починале 9.104 лица, а моментално има 2.230 активни случаи.

Дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје: 140.264 заразени/1.258 активни случаи
Куманово: 16.339/101
Битола: 14.389/120
Прилеп: 13.701/125
Тетово: 13.367/74
Кавадарци: 10.227/82
Велес: 9.542/99
Гостивар: 9.472/31
Охрид: 8.547/37
Штип: 7.925/24
Струмица: 7.920/15
Кичево: 5.459/37
Кочани: 4.990/14
Струга: 4.659/20
Гевгелија: 4.293/34
Неготино: 3.623/19
Ресен: 2.618/38
Свети Николе: 2.606/4
Радовиш: 2.485/13
Крива Паланка: 2.387/14
Делчево: 1.900/0
Дебар: 1.650/10
Берово: 1.631/5
Валандово: 1.461/4
Виница: 1.354/8
Пробиштип: 1.259/4
Богданци: 1.005/5
Кратово: 943/10
Крушево: 910/3
Демир Хисар: 817/10
Македонски Брод: 731/3
Демир Капија: 582/5
Македонска Каменица: 521/3
Пехчево: 482/1
Дојран: 339/0

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.