
На 21.02.2022 година во 00:35 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Подмолје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничките моторни возила со охридски регистарски ознаки: „Ауди“ управувано од 24 годишно лице од селото Белчишта, Општина Дебрца и „Фолксваген Поло“, управувано од 30 годишно лице од Охрид. На местото на несреќата починало 30 годишниното лице, а екипа на Итната медицинска помош констатирала смрт додека, возачот на возилото „Ауди“ се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“. Врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Увид на местото на незгодата извршиле јавен обвинител и полициски екипи.