HomeАктуелноДИК поништи советничка листа за Град Скопје поради кандидат кој е починат

ДИК поништи советничка листа за Град Скопје поради кандидат кој е починат

Државната Изборна Комисија поништи цела советничка листа за Град Скопје на една политичка партија, бидејќи било утврдено дека на неа се наоѓа починато лице.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Листата беше поништена едногласно.

Секој глас даден за оваа листа ќе се смета за неважечки, бидејќи нема време да се менуваат гласачките ливчиња.

„На 17 октомври, по допрен глас, ДИК доби информација дека на листата има починато лице. По тоа, прибавивме писмен доказ – извод од матична книга на умрени. Утврдено е дека не се исполнети условите од Изборниот законик, бидејќи за наведеното лице нема лична изјава за прифаќање на кандидатурата, која е задолжителна и неотповиклива за потврдување на листата“ соопшти претседателот на ДИК, Борис Кондарко.

За случајот е известено и Јавното Обвинителство.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.