На сите православни верници, на светиот Архијерејски синод, и на Господин Господин Стефан, Архиепископ на Македонската православна црка – Охридска архиепископија, како и на сите свештеници и монашки братства и сестринства, им го честитам празникот Богојавление Водици.
Празникот Богојавление – Водици не повикува да се очистиме од гревовите на денот кога водите се преобразуваат во свети води за да потсетат на денот кога Исус Христос се крштеваше во реката Јордан.
И оваа година додека сеуште трае пандемијата со КОВИД-19, празникот повикува да ги поминеме во здравје искушенијата на пандемијата.
Да се придржуваме до препораките на здравствените работници и на Синодот на МПЦ-ОА и да го прославиме празникот одговорно.
Секоја година овој празник ни порачува да ја обновиме и зајакнеме духовната зрелост, и смирено и со љубов да си посакаме добра волја за совладување на сите предизвици што ни претстојат на личен и на колективен план.
Нека ни е честит и вековит, големиот христијански празник Богојавление – Водици.-напиша на својот фб профил Премиерот Димитар Ковачевски.