Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.324 тестирања, а регистрирани се 119 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 87
• Битола – 7
• Кавадарци – 6
• Куманово – 4
• Прилеп – 3
• Свети Николе и Македонски Брод – по 2
• Охрид, Штип , Струмица, Кочани, Струга, Ресен, Демир Хисар и Демир Капија – по 1
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 3 починати лица: по едно починато лице од Скопје (71г), Струмица (82г) и Битола (49г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 257 оздравени пациенти од:
• Скопје – 117
• Битола – 21
• Охрид – 19
• Прилеп – 17
• Куманово – 13
• Кавадарци – 11
• Валандово – 10
• Струмица – 8
• Штип – 6
• Ресен – 5
• Гевгелија, Крива Паланка и Делчево – по 4
• Кочани, Виница и Пробиштип – по 3
• Македонски Брод, Велес и Кратово – по 2, Струга, Кичево и Неготино – по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.576.424 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 223.330, бројот на оздравени пациенти е 210.732, на починати е 7.907, а бројот на активни случаи изнесува 4.691
Извор: МЗ