HomeАктуелноДодека цените растат, политичките партии со меѓусебни обвинувања

Додека цените растат, политичките партии со меѓусебни обвинувања

Додека цените на горивата растат и се на товар на џебовите на граѓаните според СДСМ, ефикасните мерки на Владата предводена од СДСМ за намалување на ДДВ и акцизата, како дел од антикризниот пакет од 26 антикризни мерки во вредност од 400 милиони евра, веднаш ги намалија цените на нафтените деривати и горивата.

Благодарение на овие мерки, во најголемата светска економска и енергетска криза, цените на горивата кај нас се намалуваат, додека насекаде во државите од регионот растат.

Веднаш по примена на мерките, малопродажната цена на бензинот БС-95 се намали за 6,5 денари, а на дизелот за 9 денари.

СДСМ како одговорна партија во време на криза продолжува со реализација на мерки и политики што го заштитуваат стандардот на граѓаните и обезбедуваат одржување на економска стабилност. – информираат од  Центар за комуникации со јавноста на СДСМ, додека според Стојаноски, со законското решение на СДСМ граѓаните и стопанството се ослободуваат по еден денар за литар нафта, а според законско решение на ВМРО-ДПМНЕ ќе се ослободат за 9 или 13 денари од литар,

Почитувани колеги пратеници ова е нашето предлог законско решение за намалување на акцизите во износ од 50%, нешто за кое што зборувавме многу интензивно изминативе две недели. Верувам дека треба да го прифатите од една здраво разумна и економска логика по која што согласно вашето предлог законско решение во моментов кое што е би кажал синтетизирано по она колку е цената на нафтата на светските берзи по таа цена и вие ги ослободувате граѓаните од акцизата. Во моментов нафтата, барел нафта на светските берзи е 108 долари, што според вашето законско решение во моментов македонските граѓани ќе бидат ослободени од еден денар за лита на нафта, истакна Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ на денешната собраниска седница.

Стојаноски додаде дека со законското решение на ВМРО-ДПМНЕ кое што го предлага граѓаните за литар нафта ќе бидат ослободени од 9 денари, а за литар бензин ќе бидат ослободени од 13 денари.

Но, според нашето законско решение кое што ние го предлагаме на денешнава седница е граѓаните за литар на нафта ќе добијат ослободување од девет денари, а за литар бензин ќе добијат ослободување по основ на давачки на акциза од 13 денари. Што е многу повеќе од тоа што вие го нудите како законско решение, заклучи Стојаноски.

Стојаноски посочи дека за транспортерите на кои што основна дејност им е транспортот со законското решение на ВМРО-ДПМНЕ во моментов за ЕУРОСУПЕР 95 ќе плаќаа 68,6 денари, а според законското решение на СДСМ ќе плаќаат 78 денари. А, за ЕУРОСУПЕР 98 според законското решение на ВМРО-ДПМНЕ ќе плаќаат 70,4 денари, а според законското решение на СДСМ ќе плаќаат 80,4 денари. За дизел транспортерите по законското решение на ВМРО-ДПМНЕ ќе плаќаат 73 денари, а според законското решение на СДСМ плаќаат 80 денари.

Ве молам заради доброто на граѓаните и стопанството прифатете го ова законско решение, за да можат цените на горивата да паднат за пристојни цени, а по еден денар како што е сега. По сегашното законско решение денеска вие ги ослободувате граѓаните и стопанството по еден денар за литар, а по нашето законско решение како што е предложено сега ќе ги ослободиме 9 или 13 денари од литар, нагласи Стојаноски. 

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.