Во Охрид денес променливо облачно време со услови за повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Ќе дува умерен ветер, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе се искачи до 10 степени.
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно и потопло со повремени локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат кон средината на следната седмица. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Температурите ќе бидат во пораст, особено утринските кои насекаде ќе бидат.
Минималните температури денеска се над нулата во цела држава. Најладно е во Гевгелија каде утрово се измерени два степена, а најтопло во Битола каде утринската температура е 12 степени.
За денеска синоптичарите најавуваат променливо облачно време со повремен локален дожд и наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17 степени.
