Денеска е реализирана уште една донација на огревно дрво за семејство од социјално ранлива категорија, информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.
Оваа иницијатива ЈП „Охридски Комуналец“ ја реализираше во соработка со ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа -Охрид, а огревното дрво е обезбедено од дрвјата кои беа отстранети при градежните зафати за реконструкција на ул.„Македонски Просветители”.