HomeАктуелноДоцна вечерва прес-конференција на Ковачевски, погледнете што порача тој.

Доцна вечерва прес-конференција на Ковачевски, погледнете што порача тој.

По седницата Централниот Одбор на СДСМ , претседателот Димитар Ковачевски ги објави новите раководни кадри на партијата.

Нов генерален секретар е Миле Зеќевиќ, организационен секретар е Вангел Андревски, а секретар за меѓународна политика е Бојан Маричиќ. Сања Лукаревска останува заменик-претседател на СДСМ.

Во Извршниот одбор на СДСМ се: Ана Данева-Маркова, Мишко Ралев, Нина Фити-Неделковска, Снежана Захариева, Даниела Колева, Милена Стефановиќ, Костадин Костадинов, Рената Јајовска, Мелиса Ценовска, Петре Шилегов, Дритан Исмаили, Тања Томиќ, Дарко Каевски, Андреј Петров, Ивона Кузмановиќ, Костадин Ацевски, Никола Рилак.

Ковачевски , откако го соопшти новото раководство на СДСМ ,најави дека новата влада ќе биде изгласана најадоцна до 18 јануари 2022. Рече дека новата влада ќе биде ориентирана на економијата, заштитата на здравјето , како и финансиската поддршка.

Ќе ја реформира и реорганизираме партијата , најави Ковачевски и рече дека ќе се формира советодавно тело, Совет за креирање и имплементирање политики, за да ги надгледува проектите на партијата, а со него ќе раководи Игор Ивановски. СДСМ за разлика од ВМРО-ДПМНЕ е одговорна и државотворна партија и така ќе продолжи да работи. СДСМ почнува ново поглавје во својата историја, вели Ковачевски.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.