HomeАктуелноДрама утрово во Битола, со мачета му упаднал во куќата и го убил со пиштол

Драма утрово во Битола, со мачета му упаднал во куќата и го убил со пиштол

Дедото со пиштол го уби поранешниот зет утрово во Битола, откако овој со мачета (голем нож) насила му упаднал во семејната куќа и ѝ се заканувал на поранешната сопруга, ќерка на осомничениот. Убиен е 44-годишниот битолчанец С.С. од  Т. Ѓ. (62) од Битола.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според СВР-Битола, таткото на девојката пукал со пиштол и го погодил поранешниот сопруг на ќерката, кој починал на местото на настанот.

Неофицијално, битолчанецот пукал во самоодбрана и одбрана на својата ќерка. Убистото се случило утрово нешто пред шест часот во претсобјето од семејната куќа на обвинетиот. Полицијата го лишила од слобода осомничениот.
Екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт, а увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Битола. По наредба на обвинителот, телото на починатиот било дадено на обдукција.
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.