HomeАктуелноЕве колку санкции за брзо возење се изречени во текот на вчерашниот ден

Еве колку санкции за брзо возење се изречени во текот на вчерашниот ден

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (10.04.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На територија на град Скопје изречени се вкупно 249 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 60 санкции, 31 мерка за возење без возачка дозвола, 44 санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум мерки за нерегистрирани возила, три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, осум мерки за возач почетник..

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.