HomeАктуелноЕве што не треба да се прави денес – Светите бесребреници што го излекувале римскиот цар – денес го славиме празникот на Кузман и Дамјан

Еве што не треба да се прави денес – Светите бесребреници што го излекувале римскиот цар – денес го славиме празникот на Кузман и Дамјан

На 14 ноември православните верници ги слават светите браќа Козма (Кузман) и Дамјан – лекарите чудотворци кои целиот свој живот го посветиле на лекување на луѓето и животните, без никогаш да бараат награда. Токму затоа народот ги нарекува „бесребреници“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Се верува дека денес е посебен ден за молитва за здравје, а светите Кузман и Дамјан се сметаат за заштитници на лекарите и сите кои работат во медицината. Народната традиција вели дека на овој ден не треба непотребно да се излегува од домот и да се вршат тешки работи.

Браќата уште од млади години останале без татко и биле воспитани од мајката христијанка. Наследениот имот го подариле на сиромашните, а својата дарба за лекување ја користеле за да му помагаат на секого – бесплатно. Луѓето верувале дека лековитите чуда ги правеле дури и само со допир на раката.

Една од најпознатите приказни е кога гонителите на христијаните ги донеле пред римскиот цар Карин. Царот сакал да ги погуби, но откако браќата го излекувале од тешка болест, тој ги пуштил и го примил христијанството.

Позната е и анегдотата кога Козма се налутил на брат му Дамјан, мислејќи дека земал три јајца како награда за лекување. Дамјан ги прифатил само затоа што жената го заколнала во Пресвета Богородица – не како плата.

Се смета дека светите браќа биле убиени во 284 година од нивниот завидлив учител, кој ги одвел во планина под изговор дека ќе собираат лековити билки. По нивната смрт, според преданието, биле чудесно закопани заедно – по Божјо откровение.

Долго по смртта, народот верувал дека Кузман и Дамјан продолжуваат да ги лекуваат болните и да им помагаат на сите што со искрена вера им се обраќаат.

Именден денес слават: Кузман, Кузе, Дамјан, Даме…

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.