HomeАктуелноЕве што порачаа Талибанците за војната во Украина

Еве што порачаа Талибанците за војната во Украина

Министерството за надворешни работи на Авганистан објави соопштение во кое се наведува дека талибанците внимателно ја следат ситуацијата во Русија и Украина и се загрижени за можни цивилни жртви.

Исламскиот емират Авганистан, во согласност со својата надворешна политика на неутралност, ги повикува двете страни во конфликтот да ја решат кризата преку дијалог и мирни средства, се вели во соопштението.

Талибанската влада во Авганистан, исто така, ги повика страните во конфликтот да ги заштитат животите на авганистанските студенти и мигранти во Украина.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.