HomeАктуелноЖешка изборна трка во Дебрца: Пет кандидати за градоначалник и седум листи за членови на Советот

Жешка изборна трка во Дебрца: Пет кандидати за градоначалник и седум листи за членови на Советот

Во Општина Дебрца во трката за градоначалник ќе се борат пет кандидати. Своите кандидатури ги поднесоа: Љупчо Паункоски од СДСМ и коалицијата, Златко Силјаноски од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, актуелниот градоначалник Зоран Ногачески како независен кандидат, Димче Андрески исто така независен и Даниел Огненоски од коалицијата „Искуство за успех“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

За советничките места ќе се натпреваруваат седум листи. Своите кандидати ги предложија: СДСМ и коалицијата предводена од Даниел Тороманоски, Македонски концепт со носител Борче Јончески, независната листа на Тане Јанески, Левица со Димче Тренески, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата предводена од Иван Стрезоски, граѓанската иницијатива „Грин“ со Крсте Јорданоски и коалицијата „Искуство за успех“ предводена од Ромео Печоски, информираат од Општинската изборна комисија Дебрца.

Локалните избори за градоначалници и советници ќе се одржат на 19 октомври. Според Изборниот законик, во првиот круг за градоначалник е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од излезените избирачи, под услов на гласање да излегле најмалку една третина од запишаните во избирачкиот список.

Доколку никој не ја обезбеди потребната поддршка во првиот круг, се оди во втор круг во кој влегуваат двајцата најдобро пласирани кандидати. Вториот круг, согласно роковникот на Државната изборна комисија, се организира во рок од 14 дена по завршувањето на првиот круг.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.