HomeАктуелноЗабрана за движење на тешки моторни возила на потегот Охрид-Пресека-Кичево.

Забрана за движење на тешки моторни возила на потегот Охрид-Пресека-Кичево.

Поради обилни врнежи на снег денеска во 10 часот воведена е забрана за движење на тешки моторни возила на потегот Охрид-Пресека-Кичево и обратно, информираат од АМСМ.

Забрана за товарни моторни возила поради обилни снежни врнежи утрово од 08:30 часот има и на патните правци Кичево – Стража, Гостивар – Стража,  Маврово – Дебар, како и Струга-Ќафасан.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Слаб снег врне во западниот дел на Републиката.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.