Талибанците забранија да се слуша музика во автомобилите, како и жените да не можат да се возат без хиџаб.
Авганистанското Министерство за исламска ориентација издаде пишана препорака до возачите да не вклучуваат музика и да не примаат во возилата жени без хиџаб. Талибанците го зазедоа Кабул на 15 септември и ја презедоа власта во Авганистан, а на почетокот на септември го објавија составот на привремената влада.