Обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, трае до денеска, информира Автомотосојузот на Македонија.
Задолжителното поседување зимска опрема беше во сила од 15 ноември лани.
Од АМАМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.