HomeАктуелноЗаев си оди од премиерската функција.

Заев си оди од премиерската функција.

Премиерот Зоран Заев попладнево до претседателот на Собранието ја достави најавената оставка на премиерската функција.

– Врз основа на член 219 став два од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија во прилог ви ја поднесува оставката на функцијата претседател на Владата на Република Северна Македонија. Истовремено, ве известувам дека истата нема усмено да ја образложам, наведува Заев во писмената оставка.

Тој во образложението посочува дека резултатите на последните избори, иако беа локални, за политичкиот момент во кој што се наоѓа земјата имаа и национална и политичка тежина.

„Во вакви услови за мене лично и за мене како премиер, заради политиките во кои верувам, политички неодговорно и неоправдано пред мојот народ и мојата земја би било јас лично да продолжам да ја водам владата на евроатланскиот пат. Сметам дека друг премиер од редовите на СДСМ тоа ќе може да го оствари на подобар начин, наведува Заев.”

 

Тој нагласува дека со оваа оставка превзема одговорност и да послужи како пример.

– Сакам да оставам пример за да се препознаат доблесните одлуки кога тоа е неопходно и со тоа да дадам уште еден придонес во јакнење на демократскиот капацитет на народот но исто така на идните лидери за да бидат свесни за својата граѓанска должност кога ја превземаат грижата за својата земја, пишува Заев во писмото.

Во писмото, премиерот во оставка, вели дека во неговиот мандат се донесени историски одлуки како договорот со Грција со кој Македонија се збогувала со референцата БЈРМ и го потврдила македонскиот јазик и идентитет како и членството во НАТО, а го споменува и концептот „Едно општество за сите“.

Оставката треба да ја констатира претседателот на Собранието, Џафери, а според собраниски извори, тој тоа ќе го стори утре пред седницата за пратенички прашања.

По оставката на Заев, шефот на државата треба да му додели мандат на новиот мандатар. Согласно Уставот, претседателот е должен во рок од десет дена да го довери мандатот на партијата, односно партиите што имаат мнозинството во Собранието. Мандаторот во рок од 20 дена, од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата, стои во Устав.

Извор:Влада 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.