HomeЕКОНОМИЈАЗамрзнува цената на јајцата, тестенините и оризот.

Замрзнува цената на јајцата, тестенините и оризот.

Владата ги стави под „мраз“ и  цените на  јајцата,  тестенините,  оризот. До крајот на јануари идната година,  вредноста на овие производи  ќе биде иста како на први декември. Со ваквата одлука се проширува листата на производи чии цени се замрзнуваат на одреден период.

Листата се проширува со три нови основни прехранбени производи ориз, јајца и тестенини и има за цел да да се превенираат евентуалните поскапувања на овие основни производи кои исто како и другите основни прехранбени производи масовно се користат во исхраната на населението. Исклучени се цените на привремените попусти кои важеле на 1 декември 2021 година“, напиша Бектеши на својот ФБ профил.

Пред извесно време оризорпоизводителите алармираа дека доколку им се замрзнат цените ќе трпат дополнителен удар од причина што ја имаат најлошата година и со жетва и со откупна цена.

Пред една недела се замрзнаа и цените на  шеќерот, брашното тип 400 , сончогледовото масло , трајното млеко со масленост 2,8%, 3,2 % и 3, 5 %, свежо месо и сувомеснати производи, сирење и урда.

Откако е донесена одлуката , од пазарниот инспекторат  до сега не утврдиле неправилности во работењето на  трговците.

Инаку одлуката за замрзнување на цените на основните производи  се носи со цел да се заштитата граѓаните од ценовни шокови кои се случуваат поради растото на цените на енерегтсните на светските берзи.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.