HomeАктуелноЗанаетчиите бараат фризерите, козметичарите, пекарите и слаткарите да работат во недела

Занаетчиите бараат фризерите, козметичарите, пекарите и слаткарите да работат во недела

Предлогот на Занаетчиската комора за работа во недела на одредени дејности како што се фризери, козметичари, пекари слаткари ќе го разгледува Министерството за труд и социјална политика, соопштија денеска надлежните од ЗКРСМ. Претседателот на занаетчиската комора вчера имал средба со министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Занаетчиите добиле ветување дека ќе се разгледа овој предлог кој е предизвик со кој се соочуваат дејностите од услужната дејност, фризери, козметичари, слаткари, пекари. Занаетчиите од овие дејности кажаа дека поради неработење во недела може само да се продлабочи сивата економија.

– Вчера имавме конструктивен разговор со министерката и одлучено е тие во следниот период да извршат дополнување на законот, да им овозможат на овие дејности да работат, бидејќи нашите прогнози беа токму тоа, дека сивата економија треба да се сузбие, да не се стимулира и во тој контекст беше конструктивен состанокот и затоа нејзиниот тим прифати да ги стави овие дејности, да работат формално-изјави претседателот на занаетчиската комора, Агрон Фазлији.

Занаетчиите велат дека не бараат привилегии, туку овие дејности се спречени да работат формално и да плаќаат на работникот кој го ангажираат за време на недела неработен ден.

– Според наши статистики државата на годишно ниво од овие услужни дејности ќе изгубеше скоро два милиони евра. И не само овие дејности, ние баравме и старите занаети да можат да работат во недела, МТСП побара дополнително да го истражи тоа поле и затоа сакаме да им дадеме време да видат дали би требало и старите занаети, по чаршии, кога доаѓаат туристи во недела, дали може да работат и тие во недела, изјави Фазлији.

Тој нагласи дека сите дејности кои ќе опфатени со дополнување на законот ќе мора да го почитуваат и работникот кој ќе треба да добие повисока дневница.

– Ние се согласуваме секој вработен да има поголема плата и ќе го почитуваме законот затоа што и ние како Занаетчиска комора ги штитиме работничките права по статут и по закон и сакаме и вработените, самостојни вршители на дејност да го имаат тој бенефит што го налагазаконот-додава Фазлији.

Покрај фризерките козметичарките, во дополнувањата би требало да бидат опфатени и пекари, слаткари, бурекчии.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.