Занаетчиите повторно на удар. По ковид пандемијата и енергетската криза сега погодени и од забраната да не се работи во недела.Тие повторно реагираат и бараат надлежните уште еднаш да ги разгледаат и допрецизираат измените и дополнувањата на законот за работните односи а најмногу се жалат оние кои нудат специфични услуги поврзани со свечености како што се фризери, козметичари и други дејности.
Занаетчиите велат дека загубите се и онака големи па поради тоа дел од нив ставиле и клуч на врата.
Одредени занаетчии ја чекаат токму недела за да заработат повисоки приходи во туристички Охрид тие остануваат на ставот градот да биде изземен од овој закон.