HomeМАКЕДОНИЈАЗасилени сообраќајни акциски контроли на македонските патишта

Засилени сообраќајни акциски контроли на македонските патишта

Министерството за внатрешни работи информираше за нови 283 санкции за брзо возење на територијата на државата.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во текот на вчерашниот ден (27.11.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 283 возачи. Од нив, 28 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 110 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 173 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта. – се вели во соопштението на МВР.

Извор: МВР

 

Rate This Article:
No comments

leave a comment