HomeАктуелноЗа пет дена извршил 14 тешки кражби, приведено едно лице

За пет дена извршил 14 тешки кражби, приведено едно лице

Отсекот за општ криминал при СВР Битола, вчера (07.03.2022) до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против Р.Б (28) од Ресен заради постоење основано сомнение дека тој во период од 01.03 до 06.03.2022 извршил 14 тешки кражби по чл.236 и чл.236 в.в. чл. 19 од Кривичниот законик на РСМ во куќи и верски објекти на подрачјето на Битола. Р.Б. е приведен од полициски службеници од полициската станица Битола, а потоа и изведен пред судија на претходна постапка, при што одредена му е мерка притвор во траење од 8 дена.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.