HomeАктуелноЗа помалку од еден час во Грција регистрирани три земјотреси од над 4 степени

За помалку од еден час во Грција регистрирани три земјотреси од над 4 степени

Во периодот од 6.30 до 7.30 часот утрово во Грција беа регистрирани три земјотреси од 4,7, 4,1 и 4,2 степени според Рихтер со епицентар во морскиот дел источно од островот Евија, согласно податоците од Геодинамичкиот институт на Опсерваторијата во Атина, а засега нема информации за повредени или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА од Атина.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Првиот земјотрес од 4,7 степени во 6.32 часот утрово по локално време беше регистриран на девет километри од копното на Евија, а подоцна, за помалку од еден час следеа уште два земјотреси, исто над четири степени.

Земјотресите, освен на Евија, беа почувствувани и во областа Атика, поширокиот регион на Атина.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.