HomeАктуелноЗа сите љубители на читањето и творештвото – „Љубовта кон сѐ е вечна инспирација“

За сите љубители на читањето и творештвото – „Љубовта кон сѐ е вечна инспирација“

Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, МаБиХ Македонија и Вера М Самарјанин, распишаа заеднички поетски конкурсот на тема: „Љубов“.

Творбите треба да содржат најмногу 24 реда, да бидат нашишани на македонски литературен јазик, да бидат лекторирани и да ги содржат основните податоци за авторите: име и презиме и место на живеење.

Конкурсот е отворен до 1 мај, годинава а творбите треба да се испратат на е-маил: vbbitola@gmail.com

Творбите од авторите кои нема да се придржуваат до пропишаната должина на песните и темата, нема да бидат разгледувани.

Комисија ќе направи селекција на творбите кои ќе влезат во стихозбирката. По издавањето на книгата, авторите ќе добијат по еден бесплатен примерок од книгата.

Ги очекуваме вашите творби.

Со почит, Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, МаБиХ Македонија и Вера М Самарјанин – се вели во конурсот

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.