Еднодневен саем на книгата во охридската Библиотека на 4 март. Ова е првиот од неколкуте саеми со разни македонски издавачи што оваа 2022 ќе треба да се случат во нашата НУ Библиотека Григор Прличев – Охрид, информираат од Библиотеката.
Драги читатели повелете да се дружиме. По саемски цени да ја купите книгата која сте сакале да ја имате. Наша заложба ќе биде почесто врвните македонски издавачи да дојдат кај нас во Охрид, велат од Библиотеката.
Саемот на 4 март ќе биде отворен од 9 до 18 часот со почитување на сите здравствени протоколи за Ковид -19.