Во руското бомбардирање целосно е уништена детската болница во Мариупол, Украина, во која спаѓа и породилиштето, соопштија украинските власти.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски сега проговори за нападот.
Тој на социјалните мрежи напиша дека тоа е злосторство и уште еднаш го повика светот да реагира жестоко и да ги забрани летовите над Украина.
„Мариупол. Директен напад на руски војници на породилиштето. Луѓе под урнатините. Деца под урнатините. Ова е злосторство! Уште колку светот ќе биде вклучен во игнорирањето на теророт? Затворете го небото сега! Стоп за убиствата сега! Но, се чини дека ја губите човечноста“, напишал Зеленски на Твитер.
Mariupol. Direct strike of Russian troops at the maternity hospital. People, children are under the wreckage. Atrocity! How much longer will the world be an accomplice ignoring terror? Close the sky right now! Stop the killings! You have power but you seem to be losing humanity. pic.twitter.com/FoaNdbKH5k
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) March 9, 2022