HomeАктуелноЗемјотрес во Охрид – Познато каде беше епицентарот и со колкав интензитет

Земјотрес во Охрид – Познато каде беше епицентарот и со колкав интензитет

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, синоќа во 22 часот и 6 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, на околу 103 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.8.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и блиската околина со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.