HomeАктуелноЗемјотрес со јачина од 6,1 степен и повеќе од 100 последователни потреси

Земјотрес со јачина од 6,1 степен и повеќе од 100 последователни потреси

Повеќе од 100 последователни потреси беа почувствувани по земјотресот со јачина од 6,1 степен што го погоди регионот Баликешир во Турција синоќа, од кој најсилниот беше со јачина од 4,4 степени.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во земјотресот беа повредени 18 лица, а турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја објави дека се примени 504 пријави, вклучувајќи 25 пријави за структурни оштетувања.

Според соопштението на Канцеларијата на гувернерот на Баликешир, училиштата денеска нема да работат, а исто така беше објавено дека бремените жени и лицата со попреченост кои работат во јавни институции и организации се ставени на административен одмор, објави Хаберлер.

Училиштата беа затворени и во пет области на Маниса.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.