HomeАктуелноЗлатна виза не носи визија за Македонија му порача Димитриевски од Охрид на Филипче

Златна виза не носи визија за Македонија му порача Димитриевски од Охрид на Филипче

На средбата со граѓани, членови и симпатизери на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија викендов во Охрид, претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски остро ја нападна опозицискаата СДСМ оценувајќи дека е структура која ја изгубила врската со реалноста и денес опстојува само преку фабрикувани скандали и ПР-трикови.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Уште поостар тој беше кон лидерот на социјалдемократите.

Венко, за што ќе ја искористиш „златната виза” од Дубаи која призна дека ја поседуваш? Човек кој добил можност трајно да се исели од државата, не може да биде партиски лидер. Со една нога надвор од Македонија, со мисла за бегство наместо за обнова – не се станува водач на народ. Златна виза во џеб значи златна резерва за бегство – а не визија за иднината на нашата татковина, рече Димитриевски.

Претседателот на ЗНАМ упати и повик до членовите на СДСМ да станат дел од вистинската промена и, како што рече, да се приклучат на движење што не ги купува идеалите – туку ги живее.

Вие, вистинските социјалдемократи, знаете што значи борба за правда, знаете што значи солидарност. Тоа што го браневте некогаш, денес го гуши актуелното раководство. Време е да застанете од правата страна на историјата – за народот, а не за фотелјите, рече Димитриевски.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.