HomeАктуелноЗошто Вучиќ се’ уште нема официјален став на Србија за нападот на Русија врз Украина?

Зошто Вучиќ се’ уште нема официјален став на Србија за нападот на Русија врз Украина?

Српскиот претседател Александар Вучиќ утре во периодот од 18 до 20 часот ќе и се обрати на јавноста за кризата во Украина и ќе го презентира ставот на Србија по тоа прашање, јави дописникот на МИА од Белград.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што соопштија медиумите во тек се консултации на претседателот на Србија со многу претседатели и премиери ширум светот, за да може Србија да ги донесе најдобрите одлуки во согласност со сопствените национални интереси.

Србија подготвува и прецизен документ во кој ќе се дефинираат позициите и политиките на Белград.

Претходно денеска се одржа седница на Советот за национална безбедност на која се расправаше за состојбите во регионот и Украина, а нова седница на тоа тело ќе се одржи и утре во 16 часот.

Во Палатата Србија во тек е седница на Владата на Србија на која присуствува и претседателот Александар Вучиќ.

Вучиќ во текот на претпладнето разговараше и со амбасадорите на Квинта и со шефот на Делегацијата на ЕУ во Србија, а по таа средба беше констатирано дека сите информации за позициите искажани од присутните на таа средба ќе бидат објавени во следните 36 часови.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.