Во пресрет сме на еден од најголемите и најпочитувани празници во православието – Успение на Пресвета Богородица, познат меѓу народот како Голема Богородица. Овој ден, кој се одбележува на 28 август според православниот календар, претставува вистински симбол на љубов, вера и семејно единство.
За македонскиот народ, Големата Богородица е празник длабоко врежан во традицијата. Илјадници верници од целата земја и од дијаспората на овој ден се упатуваат кон манастирите и црквите посветени на Пресвета Богородица за да побараат здравје, среќа и благослов за своите семејства.
Традиција и обичаи
-
Верниците палат свеќи и носат дарови во црква, верувајќи дека молитвите во овој ден се особено силни.
-
Се приготвуваат трпези со домашна храна, а семејствата се собираат заедно во духот на љубов и заедништво.
-
Многумина постат до овој ден, а празничната трпеза го симболизира крајот на постот и почеток на нова духовна сила.
Зошто е посебен овој ден?
Се вели дека Пресвета Богородица е заштитничка на семејството и мајчинството. Затоа, не е случајно што жените и мајките особено го почитуваат овој празник, барајќи мир и благослов за своите најмили.
Големата Богородица не е само празник – таа е потсетник дека верата и традицијата ја крепат душата на народот. Во време кога брзото секојдневие често не оддалечува, овој ден нè враќа кон вистинските вредности – љубовта, заедништвото и духовната сила.
Овој сведен спаѓа во дванаесетте големи христијански празници. Се смета за женски празник и повеќе го празнуваат младите жени, особено оние што немаат деца.
Евангелистите сведочат дека праведните Јоаким и Ана долго немале деца. Го молеле Бога да им даде рожба ветувајќи му дека ќе му ја посветат нему, односно ќе ја дадат да му служи во храмот.
Така им се родила Марија.
Светото предание натаму сведочи оти Марија била измолена со солзи и ветена да му служи на Бога, нејзините родители уште кога наполнила една година сакале да ја одведат во храмот. Но, се плашеле дека малото девојче може да плаче за нив, па се одлучиле тој чин да го направат кога таа ќе наполни три години. И така кога наполнила три години останувајќи доследни на ветувањето, а и исполнувајќи го долгот кон Бога, ја повеле во храмот.
Во свечената поворка што три дена патувала од Назарет до Ерусалим најнапред оделе девојчиња променети во бела облека, со запалени свеќи во рацете, по нив Јоаким и Ана за рака ја воделе малата Марија, а по нив оделе многу роднини и пријатели. Со нив, невидливи за човечкото око, патувале и многу ангели. Малата Марија била облечена во свечена облека, со многу украси, како што и приличи на царска ќерка и божја невеста. Од Назарет до Ерусалим имало три дена пат, но овој пат, бидејќи се работело за патување иницирано со божји благослов, поворката со леснотија го изодела овој пат.
Пред храмот свечената поворка ја пречекале свештеници на чело со првосвештеникот Захарие, пеејќи црковни песни. Храмот бил на поиздигнато место и во него се влегувало по 15 скали.
Родителите ја оставиле малата Марија на почетокот на скалите и таа самата, со сила и сигурност на многу поголема возраст, се искачила весело гледајќи во храмот и не свртувајќи се кон своите родители и кон народот што ја придружувал. Таму ја пречекал првосвештеникот Захарие, (таткото на свети Јован Крстител), кој на општо изненадување на насобраниот народ, а по божја повелба, ја внесол во најсветото место во храмот, еден одделен олтар наречен Свјатаја свјатих, (или Светиња на светиите).
