На денешен пред 8 години, во 2014та, кај селото Извор, Кичевско, започнува изградбата на автопатот Кичево до Охрид. Автопат долг 57км со вредност од 375 милиони евра во тоа време. Рокот на изградба на овие градежни работи беше 4 години и денеска означуваме 8 години од почетокот на изградбата на овој автопат. Повторувам 8 години. Во тоа време СДСМ не беше на власт и градежните работи се одвиваат со добра и очекувана динамика. Но, за жал 2017та доаѓаат СДСМ на власт, истакна Синиша Ивановски од ВМРО–ДПМНЕ.