Од царскиот дворец до светилиште, приказната за жената чие срце стана дом за сите страдалници.
Утре, 29 декември, православните верници се сеќаваат на Света Теофанија. Таа е православна светителка, позната и како Теофана, света царска благочестивка и чудотворка, чиј живот и денес ги повикува верниците кон милосрдие, молитва и доверба во Бога.
Родена е од високородни родители во Константинопол, каде уште од младост ја задоби христијанската вера и добродетелите. Таа стана сопруга на царот Лав Шести Мудриот, но не се препуштила на царската раскош, напротив, ги одбегнувала сите почести, живеела скромно и често се облекувала едноставно за да остане непрепознаена додека им служела на сиромашните и угнетените.
Заедно со својот сопруг, Теофанија доживеала тешки моменти – биле неправедно затворени затоа што на Лав лажно му биле припишани заговори, но по слободата таа целиот свој живот го посветила на молитва, пост, добри дела и помагање на најзагрозените: вдовиците, сираците и болните.
Не се задржала само на духовни подвизи, таа помогнала и во градење и обновување цркви и манастири. И иако живеела среде богатство, ги одбегнувала световните задоволства и го претпочитала животот исполнет со служба и помош на другите.
Неверојатно, но нејзиното нераспаднато мртво тело, односно мошти, и денес се чуваат во Патријаршиската црква во Истанбул, Тирција, и се извор на исцелување и утеха за оние што пристапуваат со вера и молитва.
ШТО ДА НАПРАВИТЕ УТРЕ ЗА НЕЈЗИНА ЗАШТИТА
Посветете неколку минути на тивка молитва и тишина. Помогнете на некој без очекување награда, како што помагала царицата-светителка. Запалете пред иконата на Света Теофанија или пред икона на Богородица, како знак на доверба и молба за застапништво. И кажете ја следната моќна молитва.
Света Теофанијо, застапничке пред Бога,
погледни на мене со љубов и милост.
Заштити ме од секакво зло, од страв и опасности.
Давај ми мир во срцето и сила во душата.
Води ме по патот на светлината и правдата.
Амин.
