Граѓаните не можат да знаат дали цените на лебот, брашното и маслото во маркетите се набавни или на нив трговците заработуваат. Тоа можат да го утврдат само пазарните инспектори кои ќе ги контролираат документите за да се види дали овие производи се продаваат по цените што ги одредил производителот. Дополнително, контрола ќе има и кај производителите за да се види дали тие ставаат различни цени за прозиводи од произведени од суровини купени по исти цени. Пазарните инспектори појаснуваат ист производ не мора да има иста цена во сите маркети, но апелираат граѓаните да пријавуваат неправилности.
Министерот за економија ги уверува граѓаните дека државата располага со доволни количини храна и дека нема потреба да се прават залихи. Преку мерките на Владата состојбата ќе остане стабилна.
Од петокот пазарна е интензивно на терен, извршени се 156 надзори. Констатирани се 33 прекршоци. 7 субјекти од големо продажба се казнети со по 7000 евра затоа што не ја почитувале владината мерка за намалување на маржите. Ако по втор пат ја повторат грешката, на овие трговци ќе им биде забрането вршење дејност во траење од една година.