Контроли во 100тина трговски објекти направил пазарниот инспекторат од вчера, откако стапи на сила ограничената маржа за трговците и на мало и на големо. Иако, министерот Бектеши тврдеше дека паника меѓу граѓаните за купување нема, туку дел од трговците намерно повлекувале производи за време на викендот, за потоа истите да ги вратат по нови цени, од пазарен официјално потврда за вакви манипулации за сега нема. Од таму посочија дека допрва ќе ги проверуваат записниците, а сите оние кои направиле злоупотреби со производите ќе бидат санкционирани.
Откако вчера цените на основните производи се одмрзнаа контролите на инспекторите на некои места утврдиле поскапување на лебот од 4 до 5 денари, но има најави за раст на цените и на други производи.
Во меѓувреме нафтата и гасот на светските берзи рушат рекорди, поради што се очекуваат и нови поскапувања. Сепак од Владата смируваат.
Уште кон крајот на минатата година граѓаните почнаа да се соочуваат со поскапување на производите, како резултат на глобалната енергетска криза.